СЕГА МИ Е ЈАСНО ЗОШТО ЗАЕВ НЕ ГО НАМАЛИ ЦЕНЗУСОТ, ЦЕНЗУСОТ НАМЕСТО ДАМОКЛОВ МЕЧ СЕГА Е НЕПРОБОЕН ШТИТ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА ДА УСПЕЕ, КАКОВ ГЕНИЈАЛЕЦ, РЕСПЕКТ ПРЕМИЕРЕ, СКИДАМ КАПА!!!

Објавено на 31.07.2018 во 18:46:34 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Каков маестрален политички потег на Заев. Цел ден се смеам низ градов како пијан. Гледам никој уште не може да се свести што Заев одигра денеска.

Сите се плашеа што ќе се прави со тој висок цензус и сите посаакуваа Заев некако да успее да го намали, дури и се чудеа зошто чека со таков потег?

Но сега е јасно зошто тој го остави високиот цензус. Сега тој, високиот цензус е непробојна брана која го штити договорот со Грција!

Сега, одеднаш, сите кои до денеска повикуваа на бојкот, ќе треба да ги молат сите во земјава да излезат на гласање и да гласаат против ако сакаат договорот со Грција да пропадне!!!

Затоа што Заев изјави дека неуспешен референдум тој ќе го толкува така што ќе смета дека народот не знаел како треба да се гласа, па владата и собранието ќе ја преземат обврската да ја водат земјата и народот како што тие мислат дека треба.

Сега, на ВМРО ДПМНЕ му останува само едно можно решение, да извади на гласање доволно народ за да се стигне до 1 милион гласачи, и од нив повеќе од пола да се против!

Тоа ќе биде речиси невозможна мисија, затоа што нема доволно време да му се објасни на нивните симпатизери зошто референдумот не треба да се бојкотира, а и да успеат во тоа, нема шанси бројката против договорот да е поголема од бројката која е ЗА!

СДСМ има 450 000 гласачи, Албанските партии имаат 200 000 гласачи, останатите Турци, Роми, Власи итн се 100 000, тоа се веќе 750 000 гласови ЗА, ако тука додадеме разни либерали, десничари кои се за во ЕУ и НАТО, тогаш бројката која ќе биде ЗА договорот ќе се искачи најверојатно на 800 000!

Ова значи дека влагаме во НАТО и ЕУ глатко и подмачкано!

БРАВО ДЕЧКИ, ОВА Е НАВИСТИНА ОДЛИЧНО СРАБОТЕНО, ЗНАЕВ ДЕКА ИМАТЕ НЕКАКОВ НЕПРОБОЕН ПЛАН!!!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија