ЗАМИР МЕХМЕТИ: На најголемиот македонски празник насобрани националисти ни пееа серенада со желби рој за наша смрт, за да умре близу една четвртина население во државата!

Објавено на 02.08.2018 во 20:35:39 часот | Македонија

Zamir A. Mehmeti
16 mins · 
 
На најголемиот македонски празник насобрани националисти ни пееа серенада со желби рој за наша смрт, за да умре близу една четвртина население во државата. И не сум изненаден воопшто но од искуството годиниве наназад па се до последните немили случувања со антагонизмот на двете најбројни етнички заедници, сфаќам дека ова веќе не може да продолжи вака. Говорот на омраза не смее да се толерира веќе!
 
Сме виделе ние колку лесно од збор преминува во дело и знаеме колку е тешко кога после случена катастрофа знаеме дека можело, дека многу лесно можело да се избегне а не сме го направиле правиот потег, сме бутале под теписи. Но овој пат не смее да биде така.
 
Она што денес на државна свеченост, на пола метар од службени лица се ширеше таква омраза мора да мора да биде санкционирано. Мора да се забрани таков начин на јавна артикулација оти тоа нема крај, само спирално нагоре ќе градира се дур не експлодираме сами од и во себе. Ако ние балканците како граѓани после се, сеуште не сме во таа еволутивна фаза да сфатиме дека од омраза ништо добро не може да излезе мора институциите да делуваат, мора да казнуваат а не само да осудуваат.
 
Да не дозволуваат сликата за оваа земја да ја формираат хистерични националисти. Ние не сме тоа, ние сме добри домаќини, гурмани, пееме песни за љубов кога ќе се напиеме и креваме чашка во здравје на сите комшии и пријатели што ги имаме.
 
Тоа е сликата за Македонија што треба да им ја оставиме на нашите деца а не вакви ретроградни, здивени, наследени пичкематерине. #СтопЗаГоворотНаОмраза

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет