ПОСТАВЕТЕ МУ ПРАШАЊЕ НА ПРЕМИЕРОТ НА ФБ ПРЕКУ ПРОФИЛОТ НА 1 ТВ: Вечерва од 17 до 19 часот интервју со Заев во Охрид

Објавено на 03.08.2018 во 15:20:04 часот | Македонија

Како што веќе најави 1тв, премиерот Зоран Заев денеска е гостин во отвореното студио на 1ТВ од Охрид, од каде што изминатите четири дена фокусот го ставивме на случувањата во градот – бисер на Македонија.

Со Заев од Охрид, разговараме за најактуелните теми, важни, како за домашната така и за надворешната политика, а во оваа прилика, тој ќе одговара и на лични прашања во опуштена атмосфера покрај брегот на Охридското Езеро.

1ТВ на својот Фејсбук профил во приватни пораки или коментари, ги очекува и прашањата кои Вие ги имате за првиот функционер во државата, а согласно со тоа колкав е обемот, ќе се обидеме да ги упатиме сите кон Премиерот, во Ваше име, известуваат од телевизијата.

Студио 1 од Голден Бич во Охрид од 17 до 19 часот.

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет