ДО КОГА НЕКОИ ВО НАШИТЕ РЕДОВИ ЌЕ ПРОМОВИРААТ САДОМАЗОХИЗАМ?!?! ДО КОГА НИЕ ЌЕ БИДЕМЕ ВИНОВНИ ЗА СИТЕ ИСПАДИ НА ВМРО ДПМНЕ?!?!

Објавено на 03.08.2018 во 22:06:38 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Згадено ми е веќе да бараме вина во нашите редови за секоја блесавоќа на ВМРО ДПМНЕ!

Секогаш некој лудак во нашите редови ќе покаже со прст кон нас наместо кон виновниците - ВМРО ДПМНЕ!

Те не сме го предухитриле потегот, те не сме биле спремни, те не фатиле на препад, те не сме биле на висината на задачата итн итн итн...

Аман веќе од тој садомазохизам на некои кретени во наши редови!!!

Наместо да се покаже со прст и сиот бес и критицизам и осуда да се насочи кон ВМРО ДПМНЕ, ние нон стоп се обвинуваме себеси за сите нивни злостори, испади, кретенизми, идиотизми...

Некои од нас се како оние силувани жени кои цело време се обвинуваат себеси за силувањето, те дали носеле многу краток минич, прејак парфем, оделе сами у темница, не пружиле доволно отпор итн итн...

Исто и сега за Крушево. Некои наши АЛЦХАЈМЕР ДЕГЕНИ рипнаа да плукаат по Оливер Спасовски зашто он не предвидел дека оние орди во Крушево ќе се обидат да ја нападнат владината делегација?!

Значи Оливер треба да ги апси и чисти сите протестанти на собири на опозицијата само за да превенира напад, пошто они нон стоп се на ивица на напад?!?!

Има тенка граница меѓу диктатура и прејака безбедност во демократијата, и ако се претера со превенцијата тогаш ќе мораа да се забранат сите собири на протестанти и опозиција, тоа не е демократски.

Треба да му се даде шанса секому да протестира и ако претераа да си ги сноси последиците.

Секако, треба да се внимава на животите и безбедноста на фуннкционерите, но не со тоа што ќе се забрани настан, туку ќе се има доволно полиција во цивилка или во убиформа и полицијата докажа дека имале ангажирано 400 полицајци во Крушево, што е сосема доволна бројка, толку на број беа и самит протестанти, му доаѓа по 1 цајкан на 1 протестант, значи таман е.

Нема потреба од паника и ширење дефетизам и садомазохизам и за се да сме ние криви, за сите грешки и дивјаштва на ВМРО ДПМНЕ ние да го јадеме стапот политички...

Некој или намерно прави смут во јавноста и му штети на СДСМ и му помага на ВМРО ДПМНЕ или толку му сече тоа лејката алцхајмерова...

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија