КРАЛОТ НА ТЕХНОТО ДОАЃА ВО ОХРИД: НЕВИДЕН МУЗИЧКИ СПЕКТАКЛ ЌЕ СЕ СЛУЧУВА САБОТА ВЕЧЕР НА СТАДИОНОТ БИЉАНИНИ ИЗВОРИ

Објавено на 03.08.2018 во 22:12:20 часот | Забава

НА ARMIN VAN BUUREN ВО САБОТА ВО ОХРИД СЕ ОЧЕКУВААТ ПОВЕЌЕ ОД РЕКОРДНИ 15.000 ПОСЕТИТЕЛИ!!!

Наши пријатели,
Задоволство ни е да ве информираме дека овогодинешното издание на ОHRID CALLING е досега најуспешно фестивалско издание на сите времиња во Mакедонија.

На првиот ден на навистина грандиозното шоу на DIMITRI VEGAS & LIKE MIKE присуствуваа повеќе од 10.000 посетители, а според досегашната продажба на резервации и слично, очекуваме во сабота, на завршниот настап на фестивалот на кралот на електронската музика ARMIN VAN BUUREN да присуствуваат повеќе од 15.000 посетители, што е цифра која досега сме ја имале единствено на Lenny Kravitz и на David Guetta.

Ве молиме да ги набавите вашите влезници навреме и навреме да се најдете на стадионот „Билјанини извори“, сите заедно да присувтуваме на уште еден навистина голем, визуелен и музички светски спектакл!
Одиме понатаму!

Ваша,
Авалон Продукција

 

 

* реклами

 

 

Забава

Македонија