НОВА ТУРA ЌОСИЊА ЌЕ ИДЕ ВО ШУТКА: МВР идентификува насилници од Мечкин Камен, дел од нив веќе се повикани на информативeн разговор

Објавено на 04.08.2018 во 11:26:38 часот | Македонија

Во завчерашниот сканал на чествувањето на Илинден на Мечкин Камен полицијата од видео снимките идентификувала дел од насилниците кои при скандирањето извикуваа зборови со говор на омраза кон Албанците, и фрлаа со предмети кон странски дипломати и владината делегација.

Од утрово во полициските станици повеќемина од нив се повикани на разговор, дел од нив уште се идентификуваат и штом биде целосно завршена оваа истрага, МВР ќе ги достави сознанијата во ОЈО, вели за Либертас функционер од МВР.

Се испитува и однесувањето на полицијата и дали проценката за нивно присуство била во рамките на обезбедување на вакви настани, вели нашиот извор.

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет