Секој Македонец по закон треба да му следува еден ручек годишно во Острово на Свети Наум, една вечера годишно во Трпејца и еден ден пливање годишно во базенот на Десарет...

Објавено на 05.08.2018 во 23:40:10 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Секој Македонец по закон треба да му следува еден ручек во Острово на Свети Наум, една вечера во Трпејца и еден ден пливање во базенот на Десарет...

Охрид овие денови прекрасен и преполн, полни џебови за сите, таксисти, келнери, кафанџии, хотелиери, шиткачи на ова она, кајче-веслачи, свирачи, шанкери, дури и тетката што шитка свеќи на Свети Наум не знаеше кај да ги тури парите... Браво Охрид, алал да ти се парите!

Туристи од цел свет, Италија, Холандија, Англија, Турција, Србија, Бугарија...

Наши печалбари, наши домашни луѓе, прекрасно, нема ништо поубаво од полн Охрид и таа врева, хаос, славје, хедонизам 24/7 за Илинден во Охрид. Уште на стража да научеа да прават добро кафе, ама да не претеруваме сега...

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија