Погледнете кои се денешните главни скандали во државата и ќе видите колку е оваа влада подобра од претходната: Кочо продал цинкована мрежа за 40 000е на владата, Петре не прскал на време против комарци и некој возел владин џип во Грчка!

Објавено на 06.08.2018 во 00:08:30 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Кочо има фабрика за шајки и метална мрежа, па така на некој тендер требало да се купи цинкована плетена мрежа и само Брако од Велес ја правела и го добила тендерот од пазете, фантастични 40 000е!!!

Петре на време не прскал против Комарци. За ова една недела Курир ни ги отече јајцата, многу повеќе од комарците.

Некој по неразјаснети околности возел владин џип во Грчка, допрва ќе се утврдува кој и зошто го возел. За ова денеска масовно се паѓа во несвест и тоа грбечки.

Ова се ТОП ТРИ најголеми скандали во моментов во државата.

Нема претепани новинари.

Нема затворени медиуми.

Нема кренат со динамит објект на опозициски лидер.

Нема апсење со камери и специјалци на опозициски лидер кој е легнат на земја.

Нема милиони евра тендери за газди на телевизии.

Нема министер кој возел пијан низ Дебар Маало и потоа им бегал на цајкани и Алфи.

Нема загинати газди на медиуми.

Нема аудио бомби за премиерот, неговиот братучед шеф на ДБК и владини медиски куртони.

Нема смешни нарачани интервјуа со нарачани прашња, нема забрана за новинари да влезат во владата, дури и еден Љупче Златев го малтретира Анѓушев до бесвест на пресови во владата.

Сите ја критикуваат владата, нема провладини куртони, експертутки и нема цензура, диктатура и жестока пропаганда.

Епа ајде, така нека биде наредни три години, најголемите скандали нека бидат од овој калибар како сега, со денови да се замараме кој се дрзнал да земе владино возило и да отиде во Грчка!!!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија