ВЛАДО ЛАЗАРЕВИК: Ѓорѓе Иванов не ја претставува денешна Македонија, тој го претставува она што македонскиот граѓанин никогаш не бил: нетолерантен човек од кој вирее национализам, омраза и желба за промоција на лажни вредности кои се далеку од нашата историја и секојдневие!

Објавено на 06.08.2018 во 20:39:09 часот | Македонија

Ѓорѓе Иванов на 2 август 2018-најважниот празник на македонската борба за независност одржа крајно мизерен и поразителен говор. Говор кој силно одекна најмногу во ушите на оние кои скандираа со извици на омраза и нетолеранција. Но Ѓорѓе не ја претставува денешна Македонија. Тој го претставува она што македонскиот граѓанин никогаш не бил: нетолерантен човек од кој вирее национализам, омраза и желба за промоција на лажни вредности кои се далеку од нашата историја и секојдневие. Дури многу подалеку отколку што Ѓорѓе е одалечен од реалноста.

Кон целата мизерија и маглата која ја шират овие неважни историски личности, има голем број кои повикуваат на бојкот на референдумот. Тука за жал се приклучуваат и еминентни писатели кои изверзирано манипулираат со емоциите на народот. Така Венко Андоновски во една негова колумна ќе ја внесе во нашиот контекст дури и митолошката битка на Масада, Израел. Епопеја на едно колективно самоубиство кое патем никогаш ниту археолошки, ниту научно не е докажано од ниту еден светски научник или археолог. Напротив, сите факти укажуваат дека таа верзија на историјата никогаш и не се случила. 
Наспроти ваквата мизерна манипулација има многумина од нас кои можат и сакаат да видат светла иднина за Македонија во Европа. Иднина, каде ние сме рамноправни со сите братски европски народи, и иднина во која гордо ќе живеат нашите деца. Иднина во која сите ја сакаме Македонија најмногу!

Честит Илинден! Ќе не биде!

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет