Јанко Бачев е ноќна мора за ВМРО ДПМНЕ!

Објавено на 06.08.2018 во 22:55:38 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Најголема ноќна мора за ВМРО ДПМНЕ во моментов не е Заев нити Бејли нити Ципрас нити Фатиме Фетаи или Катица Јанева, туку е Јанако Бачев!

Тој со својот политички радикален десничарски про-руски упад во политичкиот мегдан се заканува да му откине меѓу 50 000 и 100 000 гласачи на наредните избори и тоа ќе ја уништи ВМРО ДПМНЕ, од партиа гигант ќе спадне на нивото на една средно-мала партија која нема да може сама да бие битки со СДСМ туку ќе мора да прави коалиција со десетици други партии па дури и ќе мора да коалицира со Јанко Бачев за да извади барем нерешено со СДСМ!

Искрено, јас во оваа битка навивам за ВМРО ДПМНЕ, затоа што Јанко Бачев јавно и отворено го кажува она што ВМРО ДПМНЕ го шепоти и го сонува, но барем се воздржува да ги шири јавно тие страшни фашистички политики. Но сепак, 10 години тие јавно молчеа и индиректно ширеа таква атмосфера и сега Јанко на готово ќе си го ожнее тој плод на говорот на омраза и намигнувањето кон Русија.

Јанко Бачев е страв и трепет за ВМРО ДПМНЕ, гледам дека медиската машина 50% од времето троши на битка со Јанко Бачев, останатите 50% бие битка со СДСМ!

Тешки времиња дојдоа за ВМРО ДПМНЕ, од хомоген гигант мастодонт, сега без власта и медиската моќна машина, сега нејзиното членство ќе се подели кон разните десничарски радикални партии кои јавно го зборат она што ВМРО ДПМНЕ со децении го шепка по локалните комитети и комитски вечери...

Овој пат ќе навиваме за ВМРО ДПМНЕ, сепак радикалната десница е ноќна мора и за Македонија, не само за ВМРО ДПМНЕ...

 

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија