(ВИДЕО) БОЧВАРСКИ НЕ ЗАПИРА: Голема летна градежна офанзива во Општина Штип!

Објавено на 07.08.2018 во 22:08:35 часот | Македонија

Со задоволство можам да ја информирам јавноста за отпочнатата голема градежна офанзива во Општина Штип. 

Се градат нови и се рехабилитираат постоечки вкупно 32 улици, се градат водоводи, канализации, тротоари, мал плоштад, 10 активни зони за спортување, улично осветлување. Наскоро започнуваме со изградба на детска градинка, градиме платформа на река Отиња за паркирање на возила и многу други градежни зафати. 

Ако пред 10 месеци ја превземавме Општината со 3 милиони денари на сметката, денеска влегуваме во инвестициски циклус од 161 милиони денари. Тоа се 2,6 милиони евра. Општина Штип партиципира со 142 милиони денари, а остатокот се добиени како кофинансирање од државата.

Убеден сум дека овие инфраструктурни проекти ќе обезбедат долгорочeн раст и развој на нашиот град.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет