МИНИСТEРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ: Јавниот повик за доставување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјише во државна сопственост под оранжерии и помошни објекти во функција на оранжеријата, како и стопанскиот двор во функција на оранжеријата, трае уште 11 дена односно до 18.08.2018 година

Објавено на 08.08.2018 во 16:57:13 часот | Македонија

Со откупот на земјиштето на кое се изградени оранжериите, кое во моментов е во државна сопственост, сопствениците на оранжериите ќе стекнат право на сопственост врз земјиштето, а со самото тоа и вложување во инвестиции, кредитирање, користење на ИПАРД програмата. Со оглед на тоа дека оранжериското производство е извозно ориентирана гранка, инвестирањето во модернизирање и зголемување на производството, е клучно за конкурентноста на оваа гранка.

Јавниот повик за доставување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјише во државна сопственост под оранжерии и помошни објекти во функција на оранжеријата, како и стопанскиот двор во функција на оранжеријата, трае уште 11 дена односно до 18.08.2018 година.

Ги потсетуваме сите сопственици на оранжерии кои се заинтересирани да го откупат земјиштетето, да го запазат рокот, да достават комплетна документација во која што особено е важно, проценките за вредноста на земјиштето да бидат напревени од Бирото за судски вештачења.

Повеќе информации на следниот линк: https://goo.gl/Mxv46X

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет