ПИСМО ОД ЧИТАТЕЛ НА МАКТЕЛ: Саше, Хари е најдоброто нешто што му се случило на мак фудбалот, во негово време бевме на 46-то место на ФИФА ранг листата!

Објавено на 09.08.2018 во 00:13:55 часот | Македонија

 Sashe Ivanovski убаво си го срочил текстов, но би сакал да и го појасниш на Македонската јавност – твоите читатели.

Тоа што Харалампие Хаџи-Ристески бил Претседател на ФФМ 10 години, може да се толкува и позитивно, а не како што ти пишуваш. Затоа што во неговите 10 години мандат Македонската репрезентација го достигна нај високото 46 место на ФИФА ранг листата од своето постоење. Ти не би сакал тоа повторно да се случи? И Градскиот стадион да биде до последно столче наполнет? Саше бевме во првите 50. Магично беше на стадион.

Пишуваш делегатското место се губи. Кој ти кажа Саше дека се губи? Ти покажаа по кој документ? По кој статут? Објави ги Саше да видиме и ние дека е тоа навистина така. Инаку вака мене не ми е верно и ми делува дека некој се обидува да ја замајува Македонската јавност. Малку логично да размислиш ОФС има делегат од било која причина и двајцата се откажуваат, ОФС си избира нов Саше и завршена работа. Зарем веруваш ти Саше дека заради спомнатите причини било кое ОФС треба да го изгуби правото на делегат на собрание на ФФМ?

Саше ОФС Неготино можел да не стави и мене и тебе за делегат, но најверојатно повеќе доверба имаат во Харалампие Хаџи-Ристески, па го наименувале него за делегат.
Саше јас овде криминал не гледам. Туку во твојот текст гледам дека на некој не му одговара Харалампие Хаџи-Ристески да биде делегат.

Саше на собранието на ФФМ има 120 делегати, сите можат да достават кандидатури за претседател, каде е тука криминалот?
Да Саше, било кој од 120-те делегати може да достави кандидатура за претседател.

Мислиш дека 61 делегат Харалампие Хаџи-Ристески ќе го изберат? Па ако е така Саше тогаш најверојатно човекот заслужува да ја води ФФМ во нови победи кои ќе дадат резултати и повторно сите ќе се најдеме на Градски стадион. А ако го повтори резултатот или го надмине Саше нека биде уште 100 години Претседател на ФФМ.

Саше јавноста бара објективно новинарско пишување и информирање, а не вакви пристрасни текстови. Второ релевантните институции доколку се замешаат вака како тебе без докази со документи може само да добиеме суспензија од УЕФА.

Саше не знам дали знаеш легитимитет на секое изборно собрание на ФФМ му даваат претставници од ФИФА и УЕФА кои присуствуваат на истото, така да ако има нерегуларност тие први би реагирале.

Саше си бил борец за неправдите кои ги трпевме 10 години и секоја чест за тоа, но да пишуваш вакви писанија за човекот во чив мандат Македонската репрезентација го достигна највисокото место на ФИФА ранг листата е испод твојата чест. Се надевам дека во иднина ќе ги провериш фактите и нема да ја дезинформираш Македонската јавност.

Саше разбирам дека порталот треба да има интересни бомбастични информации и дека секако има и платени текстови, т.е. нарачани. Нели на крајот од денот сметките треба да се платат од нешто. Но, сепак ценам дека не постои сума за која ти би изнесувал невистини т.е. “вистини” како што некој ти ги раскажал ама без аргументи, без докази и без документи. 

Твој читател,

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет