СДСМ не треба да паничи, туку треба да се гордее со резултатот од анкетата на МЦМС и Телма

Објавено на 09.08.2018 во 08:47:24 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


На прва, изедначениот резултат на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ на анкетата на МЦМС боли и раѓа гнев.

Но кога ќе се размисли добро, тоа е резултат за гордеење. Замислете во време кога СДСМ ги решава најголемите децениски проблеми на земјата со соседите со болни компромиси, во време кога се заокружува рамковниот договор со спорниот закон за јазици, во време на масовна хистерија на социјални мрежи, разни хистеришења за разни ситници итн, во време кога власта е отворена за критики, за протек на информации, немаа црна ниту бела пропаганда, дури и се срами да се брани во јавниот мегдан, во ерата на лажните вести и жестокиот националистички популизам на опозицијата, во време кога базата е гневна што не ги доби очекуваните партиски ухлебувања, сепак да се извади нерешено со опозицијата е голем подвиг.

Но, понатаму, кога само бенефитите од тие болни компромиси ќе се чувствуваат, кога полека ќе легне владата и ќе заламфа, кога ќе пукнат балоните со кои опозицијата го плаши народот, кога базата ќе си најде работа во странските и домашни инвестиции и ќе престане да вреска, тогаш ВМРО ДПМНЕ на долг рок ќе биде прегазено. Тие нема што да понудат а што ќе може да му парира на моделот кој го понуди Заев - отворено општество за сите, соработка со соседите и западот, тука ВМРО ДПМНЕ е изгубено како фудбалер на Миравци на Камп Ноу!

Кога ќе почнат еден по еден да одат во затвор Груевци кои се на обвинителна клупа, кога полека ќе почне да се крева стандардот како резултат на активностите на економскиот тим на владата, пред се странските но и домашните инвестиции, кога ќе почне поради членството во НАТО да има се повеќе пари во земјава, тогаш за година, две, три, четири, рејтингот на СДСМ ќе оди само нагоре и нагоре.

Така да, дечки издржете, ова се тешки моменти за вас, но храбро се фативте во борба со проблемите наместо да тактизирате и политизирате и мислите само на рејтинг и популистички мајмунарии ала Грујо.

Народот ќе ја препознае вашата искрена намера да ја средите земјава, народот сепак на крај не е глуп, иако сите индикации велат спротивно.

СДСМ не треба сега да им верува на разните крекавци и паничари кои помагаа здушно СДСМ да има помал рејтинг со тоа што ги премолчуваа успесите а врескаа за малите грешки, па сега да се нудат себеси како фактори кои можат на СДСМ да му го покажат успехот кон наводниот триумф, тоа е измама, триумфот е веќе тука, само треба да го видиме!

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија