Приказната за Стевчо: Човекот кој требаше да го наследи Бранко на лидерската позиција во СДСМ и тоа по личен избор на папата, но проклети да се милионите...

Објавено на 10.08.2018 во 11:55:50 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Се сеќавам на една средба пред спорните локални избори во 2013-та кога Стевчо не собра нас новинарите на една вечера во Камник.

Не знам што му беше намерата, но беше некако молчалив, нервозен и таинствен. Ние сите новинари, едно 10-15 галамевме, дебатиравме, се нервиравме, тоа тогаш беше жестоко време, на средбата беше и Никола Младенов, тој доминираше во дебатата, разбирливо...

Тоа беше кулминацијата на диктатурата на Груевци, свежи беа и Космос и А1 и Мартин Нешковски. Неколку месеци потоа ќе загине Никола Младенов.

На средбата Стевчо зачудувачки, не го критикуваше многу Груевски. Беше молчалив, се дебатираше само за начините на кои можеше да се пружи подобар отпор на режимот и дали беше исправна тезата за бојкот на локалните кои беа распишани.

Тогаш на чело на СДСМ беше Бранко Црвенковски, него го немаше на средбата. На одење од вечерата, јас бев без автомобил, и го замолив Стевчо да ме префрли со неговиот службен автомобил до Скопје. По пат, во кола, Стевчо ми кажа нешто што потоа ќе се покаже како кобно.

- Абе Саше, што мислиш, јас нели можам да кренам раце од отпор и од се, па јас сум потписник на 20 милиона евра годишно, зошто да идам со глава у ѕид?! - ме праша Стевчо.

Ме изненади оваа негова изјава. Ме погоди како гром :) Знаев дека нешто го мачи и дека почнал веќе да се дума дали да премине на другата страна. Ме фати невиден ужас и паника од таа помисла. Општина Карпош беше бастион на отпорот, Куманово и Охрид беа речиси банкротирани, Струмица не можеше да го издржи теретот без моќната и богата скопска општина. Центар во тие моменти беше во рацете на ВМРО.

Карпош ги помагаше малкуте медиуми, Стевчо редовно одеше на терен и настапуваше жестоко во јавни дебати и колумни, беше голем и силен политички фактор, некои го споменуваа како личен фаворит на Бранко Црвенковски за свој иден наследник на чело на СДСМ или пак како иден премиер доколку СДСМ победи, демек Стевчо ќе бил иден премиер, Бранко ќе останел во партија ако СДСМ успее да дојде до позиција да формира влада, нешто по моделот на ДУИ и Али Ахмети.

Но се чини, Стевчо имал веќе нешто друго на ум, сакал по полесниот пат да дојде до нешто друго, пред се парите, и тоа многу пари. Се покажа уште еднаш дека милиони евра можат речиси секого да го направат монструм, да го скренат психички.

Во тоа време јас и Стевчо многу се дружевме, ми раскажа на една од средбите како лично се заложил да успеат неколку клучни инвестиции во Карпош, со разни свои мајмунарии и финти, за што газдите му биле и ден денеска благодарни. Не кажа како му се заблагодариле, но факт е дека втората жена му ја има единствената менувачница во најголемиот трговски центар во градов и земјава, во која дневно има промет од околу 10 000е...

За станови да не зборуваме, се шири виц за него, дека има над 50 станови во Карпош и Водно, дека сите во Карпош го поздравувале со здраво комшија, наместо здраво градоначалник...

Се полакоми кучето, го изгуби умот, совршено влезе во шемата на Сашо Мијалков. Потоа се е црна историја. Ми раскажуваат луѓе од СДСМ дека неговата ГРОМ се одразила страшно поразително врз СДСМ, со многу пари Стевчо и негови луѓе успеале да одметнат десетици илјади највредни теренци на СДСМ низ државата, цели претседатели на месни, општински организации, некогаш успевале да откинат цели села со помош на ветувања за работни места, пари во кеш... Тоа му одзеде на СДСМ победа на следните локални избори во најмалку 30 општини, ВМРО ДПМНЕ уште повеќе нагаззи со чизмата врз нашиот грклан...

Стевчо не предаде не за грст грошеви, туку за камион златници. Гнасно, гнасно, расипано копиле. Потоа го финансираше ИНФОМАКС, најгадниот режимски портал изминативе 4-5 години. Користеше највалкан речник во дебатите, беше 10 пати поголем ВМРОН од самите ВМРОНИ и ЌОСИЊА. Гнида, гнаса, предавничко, криминално, коруптивно гомно, да не беа бомбите, овој ќе беше градоначалник до смрт во Карпош, ќе беше нов Ѕинго, ама во Карпош, една од најурбаните општини во државата.

Црни времиња, срамни времиња, кои треба многумина да засрамат како човечки пад, материјален хедонистички пех, фијаско морално етичко човечко, патос, дно во секој облик!!!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија