НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА ЗА АЛБАНСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ: По влезот на Албанија во НАТО, албанското земјоделие е во невиден подем!

Објавено на 10.08.2018 во 21:00:57 часот | Македонија

doni_fruits

Република Албанија стана членка на НАТО во 2009 година. Тоа за странските и домашните инвеститори значи стабилност и сигурност на нивните инвестиции.

Агробизнисмените велат, таа година се поклопува со почетокот на развојот на домашното земјоделско производство.

driza4

– Нашата компанија „ДРИЗА“, го зголеми бизнисот за 30% со влезот на Албанија во НАТО. Стабилноста која ја нуди ова членство значеше сигурност за нас бизнисмените. Ваквиот процес ја очекува и Македонија. Мојата компанија ќе инвестира 20 милиони евра во производство на бројлеско месо. Тоа значи нови вработувања и развој на семејни фарми кои ќе бидат наши кооперанти. На тој начин работиме овде во Албанија каде што имаме одлична соработка со фармери на кои им даваме еднодневни полиња и храна, а потоа пилињата ги носат кај нас во кланица.Големи амбиции имаме за во Македонија, особено сме охрабрени од поканата за членство во НАТО која неодамна ја доби земјата – вели Хигмет Дриза.

kokoska3

kokoska

Еден од сопствениците на Откупно -дистрибутивниот центар „ДОНИ ФРУИТС“ исто така инвестицијата ја поврзува со членството на Албанија во НАТО.

-Јас сум од Косово но овде во Албанија ја видов сигурноста и персктивата за нашиот бизнис кој има 60 годишна традиција. Чекаме и Македонија да стане членка на НАТО за да може и таму да инвестираме. Нашата дејност е пласман на земјоделските производи за кои знаеме дека има проблем во Македонија поради неорганизираноста на производството и продажбата. Се надеваме дека со нашата потенцијална инвестција ќе помогнеме во решавањето на проблемот со палсманот – изјави Ејуп Ахмети.

ejup

Албанското земјоделско производство последниве неколку години бележи вистински бум во развојот. Со 20 милиони евра годишно земјоделски субвенции реализирале 20% зголемување на домашното производство само во една година. Подржуваат производства кои се извозно ориентирани, за што се одлеваат девизи и производства кои ги увезуваат и на тој начин го намалиле трговскиот дефицит.

zamenik_minister

Со огромниот број на туристи кои се близу 7 милиони годишно ја  зголемиле потрошувачката на земјоделските производи и на домашниот пазар, а сигурноста за инвеститорите по влезот на земјата во НАТО им овозможиле само во една година 400 милиони евра странски инвестиции.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет