ГОРАН МИХАЈЛОВСКИ: Многу ми се глупи изјавите дека на Заев ќе му пропаднел референдумот ако СДСМ не се опраел, абе ало, ако пропадне, нас ќе ни пропадне, референдумот е за нас, не за Заев!!!

Објавено на 10.08.2018 во 21:11:15 часот | Македонија

Нова колумна на Горан Михајловски на СДК.МК во која анализира за комарците но и за референдумот:

Затоа ми се глупави сите прозивки до Заев и неговите: „Алоо опрајте се, или ќе ви пропадне референдумот“. Како тоа мислете „Ќе ВИ пропадне“?. Кому ќе му пропадне? На Заев? На Али Ахмети? На Шилегов, на оној градоначалникот на Ново Село што шверцуваше цигари, на министерот Венко Филипче со тендерот од 35 милиони евра, на директорот за јавна безбедност во МВР… Не бе, нам ќе НИ пропадне. Нам, што сме решиле да живееме тука и со натчовечки напори се бориме да направиме држава во која одговорноста, отчетноста и доброто владеење нема да бидат вселенски теми. И каде што никој нема да те пизми ако прашаш со кој тип авиони се прска против комарци. Конечно, држава во која влезот во ЕУ и НАТО нема да зависи од убодите на комарците.

А бе луѓе. На 30 септември не се гласа за ВМРО-ДПМНЕ или за СДСМ. За нив ќе гласаме на некои избори. На 30 септември ќе гласаме за себе. И ако останеме ненормална држава, животот сигурно нема да ни се подобри. Оти, еве и последниот извештај на Советот на Европа покажува дека разочарувачки ништо не сме направиле во спречувањето на корупцијата. И тоа корупција кај пратеници, судии и обвинители.

Така што, не успее ли референдумот, ќе можеме и понатаму да уживаме во шлапкањето во калта, како што правиме 27 години. Проблемите ќе ги решаваме како и до сега. Со клетви.


Линк до целата колумна, овде.

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет