НАЈЧЕВСКА: Едноставно, се поставува прашањето: зошто некој би го бојкотирал референдумот?

Објавено на 10.08.2018 во 22:36:58 часот | Македонија

Референдумот е право. Право на граѓаните да кажат што мислат за одредена работа од важност за поголем број граѓани. Референдумот е можност за влијание. Можност граѓаните да бидат информирани за одредена одлука на власта, можност да се согласат или да не се согласат со таа одлука, можност да извршат притисок врз власта да донесе или да не донесе одредена одлука. Референдумот е акт на непосредна демократија. Акт на директно изјаснување без посредници. Акт на  остварување на суверенитетот во неговото уставно значење како:  неделив, неотуѓив и непренослив.

Донесена е одлука за одржување на референдум на кој ќе биде поставено прашањето: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“?

Очекувано е да има луѓе кои позитивно би одговориле на прашањето (од најразлични причини) и луѓе кои би одговориле негативно (од најразлични причини). Она што не е вообичаено е бојкотирање на референдумот и откажување од сопственото право. Тоа не значи дека луѓето немаат право да бојкотираат или дека заради тоа треба да бидат казнети. Едноставно, се поставува прашањето: зошто некој би го бојкотирал референдумот?

Според мене можат да се издвојат  8 групи луѓе кои од различни причини би го поддржале бојкотот на референдумот.

Целата колумна на професорката Мирјана Најчевска, на Цивил Медиа.

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет