НЕ Е ДО КОМАРЦИТЕ, НИТИ ДО ГРАНТОВИТЕ: Ова што ни се случува е интересен феномен за кој треба да се пишуваат книги, оваа паника и хистерија е ехо, одек, од 10 години жестока пропаганда, Македонците веќе од мали до стари се програмирани да го мразат СДСМ!!!

Објавено на 10.08.2018 во 22:45:39 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Морам да признаам дека веќе станува напорно да се објаснуваш со некои мрчатори.

Денеска на твитер на пример имав жестока преписка со еден кретен кој мрчеше дека Петре Шилегов не направил ништо за загадувањето во Скопје, се ближела есента и пак ќе сме се гушеле?!?!

Цццц... Неверојатно, Петре и владата излобираа закон за дизел акциза за да ги охрабрат Скопјани да возат бензин или плин или на струја, донесоа неколку електрични автобуси и најавија набавка на стотина електрични автобуси, го зауставија градењето во цело Скопје, почнаа редовно да ги мијат улиците, ставија нова печка и филтер во Дрисла, почнаа постапка за преземање на мрежата на БЕГ за да може да се однесе парното до целиот град, почнаа со бесплатно чистење на оџаци, обучија бесплатно 30 оџачари, исчистија многу диви депонии, дадоа милиони евра субвенции за печки на пелети итн итн...

Но од каде оваа панична злобна полна со омраза хистерија кон оваа влада? Од каде таа сомничавост, потреба се да се земе со скепса, со омраза, со преголема критика, со преувеличена паника, гнев, острина на осуда?!?!

По долго размислување мислам дека го имам одговорот - се работи за феномен на ЕХО, ОДЕК, по цели десет години силна пропаганда во која народот од младо до старо се научи да го мрази СДСМ дури и потсвесно, како куче во експеримент на павлов рефлекс.

Долги години народните маси беа учени дека СДСМ е една багра неспособна, некадарна, криминална, транзициска, предавничка, богохулна, неверничка, пореметена, скрената... Затоа толку гнев, затоа толку лесно лепат разните комични лажни вести и клевети на сметка на власта, затоа секоја мала грешка или нешто сомнително се дочекува со толкав одек, толкава хистерија, едноставно, јавноста психички е спремна и обработена, сега ВМРО ДПМНЕ само ги жнее плодовите на таа децениска пропаганда!

Лек за ова е нова пропаганда која ќе проба да се бори со таа масовна хипноза, инаку што и да направи владава е осудена на несупех на долг рок, нема шанси да се бориш со ваква хистерија без своја моќна масивна пропаганда во една демократска фер атмосфера каде секој ќе има шанса да си го каже онашто го мисли.

Но ако мисли владата и понатаму само да молчи и да остави јавноста да суди, тешко на владата а тешко и на земјава.

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија