Левица се политички дунстери, аматери и фантазери кои се обидуваат да не убедат дека војната во 2001-ва не се случи, нити пак дека во моментов се преговара за поделба на Косово

Објавено на 11.08.2018 во 09:57:56 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Голем дел од оние кои се против договорот со Грција се преставуваат себеси за радикални левичари кои биле против воени сојузи, сакале да има само мир во светот...

Оваа теза е невидена будалаштина затоа што светот нема бргу да стане мирно место без војни и војска, а ние како држава мора да мислиме на најлошото за да го преживееме кога ќе дојде.

Факт е дека во 2001-ва имаше војна во земјава во која загинаа 200-300 луѓе од двете страни заедно а тешко ранети беа околу 1000, раселени беа едно 50 000, а економските штети се во распон на некои 1 милијарда евра.

И тоа од војна која сеуште не беше вистинска војна, туку беше нешто како загревање, сепак е војуваше само во мал дел од државата и немаше масовни бомбардирања и улични пресметки како што може да има во тотални војни како во Сирија, Украина, Босна итн итн... Тогаш бројот на жртвите се движи во рамките на десетици илјади и земјите тотално колабираат од секој аспект...

Тоа мораме да го избегнеме, а НАТО е единствена гаранција за тоа. 

Ставот на Левица и слични забеготини во моментов е сличен на тој да ако во твојот комшилук дивее пожар, ти седиш дома, не користиш систем за заштита на својот дом како некакви хидранти или ровови или слично, само седиш дома и читаш поезија за свет без пожари, тоа така не иде!!!

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија