Капа доле и респект до небо за Фрчко, Трајковски, Бучко, Бранко, Рада, Пендаровски и останатите од СДСМ што го издоговорија Рамковниот Договор, 17 години мир што го имаме сега без него ќе беа 17 години реки крв, покољ, ужас, хаос, очај, беда, мизерија, мрачен страшен горчлив хорор, пеколот ќе ни беше секојдневие!!!

Објавено на 14.08.2018 во 21:55:34 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Тешко е да го цениш Рамковниот Договор како обичен граѓанин, затоа што тешко е да замислиш што ќе беше без него.

Лесно е да споредиш нешто што можеш да го видиш и осетиш, тешко е да споредиш нешто имагинарно кое не се случило.

Тоа е исто како да имате ливче бинго со добитна сума од 100 милиона долара и ливчето да го однесе ветар во река, ќе се нервирате но тешко да можете да разберете што тоа ќе значело во стварноста...

Така е и со рамковниот договор, но обратно. Да го немавме него, тогаш во Македонија ќе се отвореше пандорината кутија целосно, и ќе ги видевме сите нијанси и целиот раскош на злото.

Сегашните стравични глетки од Сирија, Авганистан, Ирак, Јемен и слично, нас ќе ни беа секојдневие овие 17 години.

Сега Македонија ќе ја немаше, ќе бевме како сегашна Палестина, земја која не е земја туку само име на територија на која нема мир нема закон нема спокој нема просперитет, има само очај, гнев, тага, плач, крв...

Сите тие од СДСМ кои патриотски државотворно човечки го насетија пеколот и се заложија и се жртвуваа за договорот да стапи на сила и војната да заврши, тоа се големи политичари кои за жал Македонија засега недоволно им се заблагодари за тоа.

За некој дел од народните маси, сеуште Рамковниот договор е големо предаваство, голема капитулација, голем пораз. Да, тоа можеби е капитулација и пораз за големата македонска идеја за чиста Македоња, но за Македонија како целина, тоа беше една голема победа, затоа што мирот, секогаш е победа, војната секогаш е пораз, без разлика кои се условите на теренот, затоа што во војна губат сите, во мирот можеби некој и ќе се спаси...

Нашиот мир сега е тотален и комплетен, од него имаат бенефит сите. Не се остварија оние црни сценарија кои тогаш ги трубеа некои наши политичари. Тогаш во 2001-ва бев студент, сместен во студентскиот дом Стив, преку ден и ноќ шетаа војници и полицајци во калашникови, се слушаа бомбардирањата во Радуша и Арачиново, во домот пристигнаа избеглиците од Западна Македонија, пред очи се одвиваа сите последици од војната, само ковчезите не ги водовме.

Сега по 17 години можам да заклучам дека е добро што сме имале луѓе како Фрчковски, Трајковски, Црвенковски, Бучковски, Шеќеринска, Пендаровски и сл кои решија да работат против својата политичка кариера но за доброто на нас, народот. Богати се тие земји кои имаат повеќе такви политичари.

РЕСПЕКТ ДО СИТЕ ВАС, ФАЛА ВИ!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија