АЛО, НАСЕР, АБЕ ТИ ЗА КОГО РАБОТИШ ЗА НОВИНАРИТЕ И МЕДИУМИТЕ ИЛИ САМО ЗА МТВ ТРЕБА ДА ИМА ПЛАТА?!

Објавено на 15.08.2018 во 22:42:10 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Овој нашиов прецедник на ЗНМ запнал две недели вришти како прасе на колење за владината кампања за референдумот.

Моли бога, колне, вришти, никако владата да не се рекламирала за историскиот подвиг на земјата, влезот во ЕУ и НАТО?!

Па добро бе Насер, ти за кого работиш, за новинарите и медиумите или против новинарите и медиумите?!

Ние плата треба ли да земеме?! Што има спорно ако владата им го објасни на народот договорот со Грција?!

И таа кампања ја распредели рамномерно транспарентно на сите медиуми, без разлика кој каква уредувачка политика води?!

Не е ова она што го правеше Грујо со Грујовизија и купување медиуми, нема врска ова, ова е еднаш у 30 години, проект за кој работеле децении политичари и активисти, распределбата ќе биде рамномерна на сите, ќе добијат и куртоните пари за информирање на народот.

Инаку, Насер би требало да знае дека новинарите, камерманите, техничарите и генерално медиумите ќе се раскостат од работа за време на овој референдум по после него, има да се работи по 12-15 часа дневно за да се покријат сите настани и редно е државата рамномерно да ги помогне медиумите во овој потфат.

Едни ќе бидат против референдумот, едни за, но треба медиумите да бидат помогнати за ова јајце да го снесеме сите заедно. Нека се заштеди на некои други работи, но нека се помогнат медиумите и новинарите, затоа што се во очајна состојба една деценија по дивеењето на Груевата орда.

Јас сум за пазарни механизми, но ова не се нормални околности, ова бара голема работа и труд и мака и се случува еднаш во еден век ваков потфат и треба медиумите и државата да си помогнат едни на други кога се работи за вакви сенационални потфати, ова не е никакво билдање режим или мафија на власт или слично.

И смешно е Насер да биде против секаква пара во приватните медиуми, а да бара 30 милиона евра за МТВ, каде е тука логиката? Ако и најмалку пари владини во приватните медиуми се лоша работа, како тогаш 30 милиони владини пари во МТВ се добра работа, нели треба принципот да е ист за сите? Секоја владина пара да биде еднакво коруптивна во сите медиуми, било да се јавни или приватни?

Инаку, кога сме кај парите, пари и онака ќе има, ама црни, руски и унгарски и секакви, вака со помош на владата барем ќе има некаков фер плеј во битката за и против референдумот и договорот со Грција.

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија