СДСМ МИСЛИ НА РАБОТНИЧКАТА КЛАСА: Нови 1000 стечајни работници ќе земаат надоместок, сега се вкупно 7000!

Објавено на 18.08.2018 во 22:59:31 часот | Македонија

Обесштетување на стечајците оди бавно, но тие веруваат дека сите ќе бидат опфатени. Досега паричен надоместок примаат над шест илјади стечајци, а до крајот на септември се очекува бројката да се искачи на околу седум илјади.

По донесувањето на новиот Закон за стечајците процесот на нивното обесштетување со месечен паричен надоместок се одвива бавно, меѓутоа Љиљана Георгиевска од Здружението УНИТ од Куманово вели дека може да бидат задоволни. Според неа, досега паричен надоместок примаат над шест илјади, со тоа што до крајот на септември очекува бројката да се искачи на околу седум илјади, вкупно во државава. Сепак, ќе има уште едно дополнение на Законот.

„Тоа значи дека ќе бидат опфатени и оние работници кои при пропаѓањето на фирмите заминале спогодбено или пак, работеле некаде на одредено време заради обезбедување егзистенција. Околу илјада и 500 ќе заминат во пензија, со што ќе се овозможи на уште толку лица кои заминале спогодбено“, вели Георгиевска.

Целиот текст на РСЕ на следниот линк

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет