Општина Аеродром доделува еднократна помош од 3.500 денари на првоодделенчињата запишани во основните училишта

Објавено на 20.08.2018 во 00:59:06 часот | Македонија

Ги поканувам родителите што поскоро да се пријават за еднократна парична помош од 3.500 денари што ги доделува Општина Аеродром на првоодделенчињата запишани во основните училишта.

Овој повик го упатувам со цел првачињата до почетокот на новата учебна година навреме да ја добијат паричната помош од 3.500 денари. 

Одлуката за доделување по 3.500 денари за првоодделенците првпат е донесена оваа година во Општина Аеродром. За оваа намена, Општината има издвоено околу 2.800.000 денари од сопствениот Буџет за околу 800 првачиња. 

Целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството.

На овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, овозможуваме пријатен почеток на првата учебна година и подобри услови во образовниот процес за секое дете.

Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2018/2019 година на подрачјето на Општина Аеродром може да се подигне во Општината или да се симне од општинската интернет-страницаwww.aerodrom.gov.mk.

Барањата можат да се поднесат во Општина Аеродром секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот во канцеларија број 19, а исплатата на паричните средства е предвидена за почетокот на учебната година.

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет