Со 5 милиони денари помош од владата, ќе се гради водовод за село Никиштане во Ѓорче Петров

Објавено на 20.08.2018 во 01:06:14 часот | Македонија

Со големо задоволство Ве информирам дека Министерството за животна средина и просторно планирање во рамки на Програмата за управување со води за 2018 година, на општина Ѓорче Петров и одобри пет милиони денари за реализација на проектот “Изградба на примарна и секундарна водоснабдителна мрежа во населеното место Никиштане”. 
 
Со ова, очекувам речиси секое домаќинство во селото кое сега има недостиг, да добие питка вода, технички исправна и бактериолошки чиста до крајот на оваа година, со што конечно ќе биде решен проблемот кој го наследивме, а се однесува на водоснабителната мрежа во Никиштане.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет