СТВАРНО БИЛЕ ЛУДАЦИ: Бомби рокаа денеска во кривичен суд, Миле затворал дуќни низ Струмица, Протуѓер го планирал упадот во А1!

Објавено на 20.08.2018 во 22:22:41 часот | Македонија

Во кривичниот суд во Скопје продолжи пуштањето на бомбите во предметот „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство.

Во неколку од разговорите од 30 мај 2011 година, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, му нарачува на ексдиректорот на УЈП, Горан Трајковски, како што вели, јаки инспекции во т.н. ромско маало во Струмица.

„Секој ден да има инспекции таму“, вели Јанакиески. На тоа Трајковски му се жали дека не може на прва да ги затворат дуќаните: „Ни го сменивте законот на втора мајка да затвораме“.

(…)

„Ве молам јаки инспекции секој ден“, вели Јанакиески. Тој на соговорникот му вели дека Зоран Заев со брашното ќе купувал гласачи во ромското мааало. „Да не мрднат со инспекции дури не ги затворат дуќаните“, нарачува Јанакиески. „Си оди циганот во дуќанот и си зема брашно…“, дообјаснува Јанакиески. „Кажете брашното е канцерогено“, додава ексминистерот за транспорт и врски.

Извор: макфакс

Во Кривичниот суд по паузата продолжи објавувањето на прислушуваните разговори во предметот „Титаник“, така што досега објавени се 219 од вкупно 1.063 „бомби“.

Па, во разговор од мај 2011 година, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на шефот на кабинетот на експремиерот Никола Груевски – Мартин Протоѓер, му раскажува дека тогашниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Поп Арсов не бил популарен кај јавноста и да му дадат друга обврска, за да не оди со неа меѓу граѓаните.

– Тој е добронамерен, ама не е популарен – вели Јанкулоска.

На пет дена пред изборите, пак, Протоѓер ја прашува Јанкулоска дали ќе ги победат СДСМ со зборовите „ќе ги згазиме ли?“, а Јанкулоска се смее. Потоа, Протоѓер во контекст на аферата со списоците на Јанкулоска и вели:

„Ноќта на петти на А1 ќе им се мочам у уста“.

Извор: Фокус.мк

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет