(ВИДЕО) Авалон со супер ексклузивен концерт со само 700 влезници на една од најхаризматичните појави во историјата на рокенролот: Bryan Ferry во Скопје | 09 септември, Македонска Филхармонија

Објавено на 23.08.2018 во 16:24:42 часот | Забава

BRYAN FERRY ВО МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА- 9 СЕПТЕМВРИ 2018!

Драги пријатели, 
Со задоволство ве информираме дека човекот наречен King of the cool- BRYAN FERRY доаѓа во Скопје да испорача уште една незаборавна вечер со неговиот харизматично шармантен настап, исполнет со сите негови хитови и хитовите на Roxy Music (Avalon, Slave To Love, Don't Stop The Dance, Jealous guy..), како и песните од последниот негов албум "Avonmore", придружуван од 12 неверојатни музичари на сцена.

Се разбира дека доаѓањето на човекот кој е виновен за името на Авалон Продукција, во годината кога славиме 25 години од постоењето, на 9ти септември, ден по Денот на независноста на Македонија во салата на Македонска филхармонија е чиста случајност... за тие кои веруваат во чуда! :)
Bryan Ferry e секако еден од највлијателните и најиновативни артисти на светот на сите времиња и ова ќе биде можеби последна можност да се види во живо во Македонија!

Влезниците за овој досега најексклузивен музички настан во историјата на Р. Македонија може да ги набавите преку новиот тикет сервис www.avalon.com.mk/tickets, онлајн, како и на билетарата на Македонската филхармонија.

Се разбира дека можете да вршите резервации на следниве телефонски броеви: 070260350 и 078365245 (секој работен ден, од 10 до 16 часот, освен сабота и недела).

ВАЖНО: Се одржува само еден концерт и во продажба ќе бидат пуштени само 700 ВЛЕЗНИЦИ!

Одиме понатаму,
Авалон Продукција

 

 

* реклами

 

 

Забава

Македонија