ВО АМЕРИКА СЕ СЛУЧУВА ПОЛИТИЧКО ЛУДИЛО РАМНО НА ЕРАТА НА НИКСОН И ВОТЕРГЕЈТ: Во угледниот Њујорк Тајмс осамна анонимно писмо на висок функционер на Белата Куќа кој јавно признава дека во Белата Куќа, Пентагон и Стејт Департмент во моментов има организиран административен пуч против Трамп, десетици функционери дење ноќе работеле против Трамп за да ја спасат Америка и светот!!!

Објавено на 05.09.2018 во 22:43:33 часот | Свет

- Америка, спиј мирно. Во Белата Куќа има возрасни кои знаеме што правиме. Дење ноќе водиме битка со Трамп за да ја спасиме Америка и светот, и таа битка ќе трае се до неговото заминување од Белата Куќа. Има луѓе што се водени од љубовта кон САД, и кои знаат што прават, јас сум еден од нив. Трамп е ментално и психички нестабилен, секој ден ги менува ставовите, секој состанок со него е промашен и непродуктивен, тој нема морални принципи и е против демократија, трговија, слобода на медиуми, НАТО алијансата итн, и затоа во јавноста има двојна ситуација, го имате Трамп на твитер и во интервјуа и ја имате САД која функционира спротивно од неговите изјави и намери, затоа што ние се бориме тоа така да биде за да не му дозволиме Америка и светот да отидат по ѓаволите!!!

Ова во шокантна колумна во угледниот Њујор Тајмс денеска го напиша анонимен висок функционер на Белата Куќа. Уредниците на весникот велат дека функционерот им е добро познат, но не сакаа да му го откријат идентитетот затоа што веднаш ќе добие отказ. Повеќето сметаат дека тоа е шефот на Пентагон, генералот Џон Матис.

Линк до оваа луда колумна, овде.

 

 

* реклами:

 

 

Свет

Македонија