КОНЦЕРТ НА ТОМ ODELL ВО СКОПЈЕ ПО ПОЧЕТНА ЦЕНА ОД 700 ДЕНАРИ!

Објавено на 07.09.2018 во 15:11:16 часот | Забава

Драги пријатели, 
После синоќешната објава за концертот на суперталентираниот TOM ODELL во Скопје кој ќе се одржи на 13-ти февруари 2019 година во СРЦ Кале, сакаме да ве информираме дека ги прецизиравме сите детали околу продажбата и цените на влезниците за овој настан.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба овој четврток (06-ти септември), точно во 09 часот онлајн преку avalon.mk и Југотон, по следниве цени и категории:

700 денари- ПАРТЕР
1.200 денари- ФАН ПИТ
1.200 денари- ТРИБИНИ

Извонредниот млад кантавтор кој стана светски популарен со песната „Another Love“, во рамки на својата светска промотивна турнеја на втoриот албум насловен „Jubilee Road“ што излегува на 12 октомври, доаѓа во Скопје да испорача едно типично суперквалитетно британско шоу.

Се гледаме на 13-ти февруари!

Авалон Продукција

 

 

* реклами

 

 

Забава

Македонија