ЕВЕ КАДЕ МОЖЕ ДА СЕ КУПИ НОВАТА КНИГА НА ЉУБЧО И КОЛКУ ЧИНИ

Објавено на 12.09.2018 во 10:59:52 часот | Македонија

НАЈНОВО од ЃУРЃА

Љубчо ГЕОРГИЕВСКИ

МОЈАТА МАКЕДОНСКА ПРИКАЗНА

Каде одиш, Македонијо?

Основачот на првата македонска автентична политичка партија,ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, во книгата на околу 400 страници, ја изнесува својата лична и политичка исповед, од денот кога прв пат се впушта во политичките води до денешни дни.

Во книгата, читателот ќе се сретне со низа факти и настани кои авторот прв пат јавно ги изнесува, потврдувајќи ја својата посветеност на македонското дело.

Покрај другото, тема во книгата на најмладиот македонски премиер, се најкритичните мигови на современата македонска историја од осамостојувањето до денес, но и премрежијата низ кои мина партијата што ја основа и во чиј развиток се вложи себеси.

Дури и површна анализа на текстот укажува на своевиден животен и политички тестамент на авторот, исплетен од неверојатна искреност на еден политичар. Барем онака како сме навикнале читајќи памфлети на политичари од сите епохи. Во таа смисла, на едно место Георгиевски ќе напише:

„...Земајќи ја предвид мојата метаморфоза, сигурен сум дека ако не бев ангажиран во политиката ќе бев познат македонски писател. Можеби, тоа ќе беше подобро и за мене лично и за Македонија!

Во книгата, ќе ги сретнете имињата на околу стотина личности од историјата на Македонија, но и на наши современици – негови соработници, политички противници и личности кои имале влијание на неговиот личен и политичкиживот.

Љубчо Георгиевски е роден во Штип на 17 јануари 1966 година. До завршувањето на средното образование живеел во Делчево од каде и потекнува. По завршувањето на гимназијата своето образование го продолжил на Филолошкиот факултет во Скопје на Катедрата по општа и компаративна книжевност на Универзитет “Св. Кирил и Методиј”.

* * *

Георгиевсики ѝ припаѓа на групата млади македонски политичари од десната провиниенција. Основач е на ВМРО-ДПМНЕ и нејзин прв претседател до мај 2003 година, а потоаа нејзин почесен претседател. Тој бил и почесен претседател на ВМРО Народна партија од нејзиното основање до 2012 година кога станува нејзин претседател. Тој и денес е претседател на таа партија.

Бил политички ангажиран како потпретседадел на претседателот на Република Македонија во 1991 година и пратеник во Собранието на Република Македонија од 1992 до 1994 година, потоа од 2002 до 2008 година и претседател на македонската влада 0д 1998 до 2002 година.

* **

Во едицијата МАЦЕДОНИШЕ ЦУШТЕНДЕ, во различни публицистички форми, на читателите им претставуваме истакнати ликови од областа на уметноста, науката, стопанството и политиката во Македонија кои со својот став и делување го менувале нашето општество или учествуваат во неговата актуелна промена.

* **

Ве известувам дека книгата, засега, можете да ја набавите само во Редакцијата на ЃУРЃА и преку достава на посочена адреса, додека не биде распространета на сите продажни места на ЃУРЃА низ целата земја.

Книгата чини 500 денари.

Доколку сакате нашиот деловен соработник БРЗА ПРАТКА да ви ја донесе дома ќе треба за неговиот труд да платите уште 160 денари. Таа цена е иста и ако нарачате една или 100 книги (различни). Господска работа, нели?

Ако се одлучите за нарачка преку „Брза пратка“, потребно е да оставите адреса и телефон за комуникација со доставувачот.

Книгата ќе ја добиете на рака во следните 24 часа.

Сите информации и нарачки на телефоните:
02 332 8076
078 44 55 44
070 220 601.

Работно време:
Секој работен ден од 10 до 15 часот.

Адреса:
Улица "Новопроектирана" бр. 1615,
Sky City (Cevahir), кула Б, 25-ти кат,
локал 233, Скопје

Нарачката можете да ја направите и во МОЈОТ ИНБОКС, или на
e-mail:
mojakniga.com.mk@gmail.com

или на сајтот на kupikniga.mk

https://kupikniga.mk/publisher/

и во книжарниците ИКОНА.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет