АВАЛОН СО НОВ ТИКЕТ СИСТЕМ И ПРОДАЖНИ МЕСТА ВО МАКЕДОНИЈА И КОСОВО- СТАРТ СО КОНЦЕРТИТЕ НА EROS RAMAZZOTTI И TOM ODELL!

Објавено на 12.09.2018 во 13:16:16 часот | Забава

Драги пријатели,

Ве информираме дека Авалон Продукција започнува со сопствен тикет систем за продажба на билети, којшто станува активен од концертите во 2019 година.

Продажната мрежа во моментов ќе опфаќа неколку градови низ Македонија и во Косово и постојано ќе се проширува.

Покрај онлајн продажбата на нашата веб страница avalon.mk, билетите за сите идни концерти на Авалон Продукција, ќе може да ги набавите од овој четврток на следниве продажни места:

СКОПЈЕ:
Југотон
Тера Травел
ТА Метфил

ВЕЛЕС:
Унисон

КУМАНОВО:
ТА Мерион Травел

ПРИЛЕП:
Сити Тобако

БИТОЛА:
Мезе бар Јагода

ПРИШТИНА:
ТА Раве Травел

Сите детали околу почетокот на продажбата за концертот на Eros Ramazzotti ќе бидат објавени на ова исто место во 21 часот.

Со почит,
Авалон Продукција

 

 

* реклами:

 

 

Забава

Македонија