ПЕРВЕРЗИЈА Е ДА ЈА СПОРЕДУВАШ МАКЕДОНИЈА СО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И БРЕГЗИТ!

Објавено на 15.09.2018 во 23:09:20 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Мајко мила, некои копуци ја споредуваат земјава со Велика Британија и Брегзит, демек, е, што ние мајка бараме во ЕУ кога една Британија од тамо излезе...

Па Британија излезе баш поради такви шуги како нас што ќе улагаат бе слепци и преваранти. Зашто го лажете народот?

Британците не можат веќе да трпат голи и боси Романци и Бугари да им се шуњаат по Британија и да им ги земаат работите за ниски надници но сепак фантастични за Бугарите и Романците, затоа излегоа...

Се уплашија и од бегалскиот бран. Се уплашија и дека Брисел ќе бара премногу донации од Лондон за сиромашните краеви на ЕУ, значи па за нас...

Да ја споредиш Британија со Македонија е невидена перверзија. Британија е светска велесила, со над 2.5 ИЛЈАДИ МИЉАРДИ ДОЛАРИ БДП, а ние сме со едни 8 ќорави миљарди БДП...

Британија има конекции со цел свет поради поранешното кралство во времето на кралицата Викторија кое се простирало на сите континенти. 

Британија има глобални корпорации кои се простираат на цел свет, вадат нафта, копаат руда, тргуваат, прават финансиски услуги. 

Британија може нешто ќе изгуби ако излезе од ЕУ, но ништо нема да и фали во суштина, имаат тие нуклеарни подморници со нуклеарни ракети, имаат светски брендови кои ги купува цел свет, имаат тие моќна дипломатија, спорт, музика, армија, местоположба, историја, слава...

Далеку сме ние од Британија, ние сме една шака јада, една мала сирота грутка вукојебина, која сака нешто да упеца, да уќари ако успее да се набута во тоа елитно богато друштво.

Да се бориш земјава да не влезе во ЕУ и НАТО е врв на душманство и злоба што можеш да му го манифестираш на ова сирото државиче...

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија