Ве разбирам што се нервирате, ама факт е дека Амди Бајрам во моментов има поголема државничка свест од пола ВМРО ДПМНЕ, пола УКИМ, пола МАНУ, пола умислени фукари и мудросери на тв, портали и социјални мрежи

Објавено на 17.09.2018 во 01:09:08 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Вчера поминував покрај седиштето на СДСМ и го видов Амди Бајрам како со огромен најнов бел Мерцедес врти накај седиштето на СДСМ, веројатно се координираат за рекламен материјал и слично...

Спомените за Амди Бајрам не болат сите, сите не сме ги заборавиле неговите злодела, но факт е дека зад него верно стојат 50 000 Роми од цела Македонија.

Факт е дека Амди Бајрам е будала, но во овие моменти тој се однесува подржавнички и посвесно од пола ВМРО ДПМНЕ, пола МАНУ, пола УКИМ и пола колумнисти и коментатори по медиуми и социјални мрежи.

И тоа е трагедија! Но во исто време е и добро, барем некој се однесува зрело и стабилно, макар тоа бил и Амди Бајрам.

Како среќа така да беше и со Стевчо Јакимовски, Солза Грчева и остала багра политичка, и нив ќе им простевме за се што направија, ама они уште заглибуват во лајната...

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија