И ВМРОНИТЕ СЕ ПРЕТЕРАА СО НИВНИТЕ ЛУДАЧКИ ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР!

Објавено на 19.09.2018 во 18:42:09 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Имало и досега луди теории на заговор од ВМРОНИТЕ ама овие денови се претераа и нивните антички котли и лонци со кување на најсмрдливите тези кои можат да им текнат само на нив и на никој друг.

Пази вамо, според нив, ова со обидот на уставен суд да го спречи референдумот, било уствари паника на Заев кој се исплашил од Бојкотирам па си нарачал преку уставен суд прекин на референдумот за да не доживее срамен пораз?!

И ова се фураше како теза цели два дена, вриштеа на твитер и на фб ботовите вмровски со ова лајно од теза, па дури и Александар Пандов со мобилен у раце ги снимање автобусите на СДСМ за митингот пред ЕУ инфоцентар и врескаше како Заев за џабе го носел народот на митинг и не сакал да му признае за нарачката преку уставен?!?!

Еј, да видиш околу 100 000 народ на митингот, да ги видиш сите анкети, да ја видиш сета атмосфера, и да седнеш и да смислиш ваква лудачка теорија и да ја шириш масовно во јавност, тоа можат само откачените вмрони.

Што сорта ќе беа, што семка ќе беа, што свет ќе беше тоа вмровскиот, како да живеат во некој паралелен свет каде црното е бело и белото е црно, све е наопако, све е погрешно и штрчи накај што не треба...

Банда небањата ненормална од бога утепана!!!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија