Го слушав Апасиев на Канал 5 и заклучив дека Левица се уствари деца кои одбиваат да пораснат и да ја разберат суровата реалност дека животот е едно гигантско тенџере со милион компромиси испреплетени како шпагети

Објавено на 19.09.2018 во 20:28:31 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Има суштинска разлика меѓу Левица, ВМРОНИТЕ и бандата на Јанко Бачев. Јанко Бачев лови во матно, но искрено ја мрази ЕУ и НАТО и сака Македонија да влезе во сојуз со Русија.

ВМРО ДПМНЕ се паметни, практични, тие се за НАТО и ЕУ, но се против договорот со Грција затоа што не можат да се помират со глетката Заев имаше политичка храброст а не тие да ја внесе земјава во ЕУ и НАТО, тоа за ВМРО ќе биде историски пораз поради кој ќе го јадат со децении на избори.

Левица пак, се деца. Буквално деца, кои не можат да се помират дека светот и животот не се фер. Они се слатки, паметни, речити, интелигентни, ама поради некоја причина, непораснати деца, дали е некој ментален дефект во прашање, или дома многу ги разгалиле и со тоа уништиле со тоа што не им дале да пораснат не знам...

Но факт е дека многу не напињаат и малтретираат, затоа што не можат да го разберат тоа што ние возрасните сосема добро го разбираме - животот е у суштина тешко срање, полн со многу тешки компромиси.

Заев е во право кога на еден митинг пред некој ден вели дека сите ние дневно правиме по едно 10-20 тешки компромиси, почињајки од нашата жена, па деца, па соседи, па шеф на работа, па бизнис партнери, пријатели...

Животот е уствари едно гигантско тенџере со милион компромиси испреплетени еден со друг како шпагети, и од тоа колку повеќе шшагети има у тенџерето зависи колку далеку ќе стасаш во животот.

Со тоа што некои од Левица се професори на факултети, сепак значи дека тие во животот правеле компромиси, но или не биле свесни, или одбиваат да ги прават истите како држава.

Но државата е многу слична на индивидуите, имаш големи и мали, имаш богати и сиромашни, имаш успешни и неуспешни, имаш израснати на Водно и израснати во Маџари, значи све е исто, тотално исти проблеми и срање, само треба интелект, ум, итрина, борба до крај и визија.

Визијата на Левица е да не попуштаме до крај, да се бориме против сите неправди, но тоа нема да не одведе никаде, како прво секоја неправда не значи дека ние сме во право, може она што ни се чини нам неправда да е просто наша грешка направена пред пола или цел век па сега не мрзи или ни е срам да си ја признаеме таа грешка па сме нејзин роб и слично.

Мислам дека народот ќе тргне по патот на Заев, а тоа е со прагматизам, со кроткост, со добрина, со попуштање, со мудрост, да одиме по патот, да се пробиваме по тоа џунглата и да не застануваме и да не губиме време, за времето да не не прегази.

Среќен сум што дојде таков визионер на власт и што конечно коцките ни се наместија. Убави се ова времиња за оваа земја и за овој народ. 

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија