КОЈА Е ЕЛЕНА ГОШЕВА - ЕДЕН ОД НАЈСИЛНИТЕ СТОЛБОВИ НА ГРУЕВИЗМОТ, СУДИЈА НА УСТАВЕН СУД КОЈА БАРАШЕ СТОПИРАЊЕ НА РЕФЕРЕНДУМОТ?

Објавено на 20.09.2018 во 11:51:44 часот | Македонија

Елена Гошева е поранешен ПЕНЗИОНИРАН член на Советот на јавни обвинители и екс претседателка на Уставен суд(од 2013 до 2016г), а сега судијка. Родена е 1948 во Кочани, а дипломирала на 27 години односно во 1975г. на правниот факултет во Скопје. Интересно за оваа судијка е тоа што СТУДИРАЛА 9 ГОДИНИ, а факултетот го завршила со просек 6,4. Ова е спротивно на законот кој што предвидува, судијата да има најмалку магистратура и просек над 8,0. Таа е блиска пријателка со Филимена Маневска(сопруга на екс министерот за правда Михајло Маневски) за која што во „бомбите“ се слушна како со Гордана Јанкуловска бираа судии од тефтерче. Елена Гошева е позната и по скандалозната изјава дека амнестијата на криминалците Груевски и Мијалков од страна на Ѓорге Иванов(во 2016г.) е уставна и законска.

Елена Гошева е мајка на екс претседателката на Пописната комисија, Слободанка Гошева Гиевска(воедно и поранешна потпреседателка на УМС ВМРО ДПМНЕ), која го поништи пописот којшто почна да се реализира во 2011 година и приота не објасни во чиј џеб завршија над 13.000.000 евра предвидени за пописот. Слободанка е позната и по кршењето на избирачките кутии при изборот на студентски лидер во 2002 година, за што има и кривична пријава. Денес Слободанка Гошева Гиевска е вработена во Телеком со месечна плата од 3.500 евра.

Зет на Елена Гошева(сопруг на Слободанка) е Игор Гиевски. Игор е поранешен претседател на УМС ВМРО ДПМНЕ, кој на јавноста и е познат по полнењето на кутии при гласањето и изборот на нов студентски лидер на скопскиот универзитет. Имено, Гиевски во 2006та година, на изборот на новиот студентски лидер на скопскиот универзитет, заедно со Аце Русевски, потпретседателот на УМС - Слободанка Гошева(сегашна сопруга) и извесен Орце Тодоровски, организирале групно полнење на кутиите при изборот на нов студентски лидер. За оваа цел, Гиевски лично од партијата ДПМНЕ добил 30.000 евра во кеш на рака, како и сопствено возило(за што пишува и весникот ДНЕВНИК). Целта била, партијата ДПМНЕ да го поткрене својот низок рејтинг кај младите особено студентите, а тоа можеле да го направат само со поставување на свој кадар за студентски лидер. Игор Гиевски денес е член на управниот одбор на ЕВН Македонија .

Сопруг на Елена Гошева е Ѓорги Гошев кој бил поставен за претседател на Студентски центар по предлог на Владата на ВМРО ДПМНЕ.

Ова е уште еден доказ дека Уставната судијка ЕЛЕНА ГОШЕВА е личност без кредибилитет која извршува слепи партиски наредби.

СПОДЕЛЕТЕ за нештата да станат појасни.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет