МОНСТРУМИ: ЈА УБИВААТ А ВЕЛАТ ДЕКА ИМ Е НАЈГОЛЕМА ЉУБОВ!

Објавено на 20.09.2018 во 22:33:59 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Ги читам овие патетичните објави до јавноста на пратениците на ВМРО ДПМНЕ како од голема љубов кон Македонија немало да гласаат за договорот со Грција.

Овие луѓе не се толку глупи па да не знаат што значи за земјава не влегувањето во ЕУ и НАТО во блиска иднина.

Од внатрешен и надворешен и од економски и од секаков апсект, тоа за Македонија ќе значи бавна а можеби и брза но ужасна смрт.

Па се прашувам, какви се ова монструми кои си ја убиваат земјата додека ја љубат?

Какво е ова човече садо мазо фрик психоделија, мајката нивна ненормална?!?!

Што изроди ќе беа, да ја сакаа својата земја така лудо, што сакаат да ја убијат за да си остане таква каква што си ја они замислиле.

Демек, или ќе биде ваква, или ќе ја снема, па што сака нека биде?!

Какво е тоа тотално вмровско лудило, бог да чува и да брани?!

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија