АМЕРИКАНСКИОТ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ, МАЈК ПЕНС, НА ТВИТЕР ОТКРИ ЗОШТО САД, ГЕРМАНИЈА И ЦЕЛ СВЕТ СЕ ТРУДИ ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА ДА УСПЕЕ!

Објавено на 21.09.2018 во 12:46:14 часот | Македонија

Америка и ЕУ сакаат балканот конечно да го пацифизираат, затоа што од 1990-та па наваму, речиси 30 години има војни, конфликти, бегалски кризи кои многу скапо ја чинат меѓународната заедница преку медиска паника од убивањата и разурнувањата, бегалски кризи, донаторски конференциик, сини шлемови итн итн...

Што е исто така поважно, регион во кој живеат 50 милиони народ наместо да биде црна дупка во која САД и ЕУ ќе фрлаат пари за да гасат пожари, може да биде просперитетен пазар каде САД и ЕУ ќе продаваат компјутери, коли, софтвер, машини, мобилни уреди, бела техника, храна, лекови, детергенти, медицинска опрема, облека итн итн...

Наместо дупка во која ќе фрлаат десетици милијарди евра годишно за поправка на расипани држави, САД и ЕУ би сакале смирен пазар каде ќе заработуваат десетици милијарди долари годишно.

Паметно. А и ние ќе профитираме од оваа разумна идеја. Затоа што во капитализмот, сите се добитници, и тие што извезуваат и тие што увезуваат и тие што тргуваат и тие што работат, сите имаат високи плати и профит.

Таков е капитализмот, само бара малце газо да се испоти.

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет