ВЛАТЧЕ, МОЖЕ ЛИ СИТЕ НИЕ ДА ПРАВИМЕ ДЕЦА А ТИ И СУЗАН ДА НИ ГИ ЧУВАТЕ?!

Објавено на 21.09.2018 во 12:50:24 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Влатче 10 години ни ги отече јајцата дека не сме се множеле доволно.

А во исто време вчера срцепарателно изјави дека немало да гласа за влез во ЕУ и НАТО, љубовта кон Македоња не му давала.

Епа Влатче, пошо не сакаш да помогнеш да влеземе во ЕУ и НАТО и сите да ни се крене платата и сите да си најдеме работа за да може да се множиме, може ли да се множиме ама ти да ни ги чуваш децата?

Ти рани ги, облакај ги, купувај памперс, креветчиња, дубала, играчки, носи ги по болници, купуј сирупи, кашички, капчиња, тропатала, плаќај градинки, чоколатца, балони, лижавки, облеки и кондурчиња секој месец нови пошто брзо растат па све им омалуе за 1 до 2 месеца, значи ти тоа прај го, а ние ќе се пуштиме у жесток секс без заштита, сперма нека лета на сите страни, јбг, Влатче е тука, он ќе се погрижи за последиците...

Бива ли Влатче? Значи или тоа, или смени го мислењето за ЕУ и НАТО, или никад више да не сум те видел на прес каде плачеш што народот умирал од бела чума, важи ли Влатче?

Пошто лесно е Влатче да се множиш со пратеничка плата од 1000е плус разни додатоци стига до 2000е месечно, плус жената до скоро на платен список у влада со 2000е плата месечно, ем ќерка на амерички конгресмен, па дедо и баба ќе пратат 1000 долара месечно за децата, плус стекнато богатство од 20 години што си пратеник па имаш станови, куќи, вили по цела Македонија, во Америка кој знае па колку имот имате.

Оди чувај деца со 500е плата и еден вработен у фамилија да те видам а да си под кирија или да отплаќаш кредит за стан, па тогаш множи се, има жена ти к...т да ти го исече со скалпел!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија