ПРЕМИЕРЕ, ВЕ МОЛАМ НАПРАВЕТЕ ЈА ПРАВДАТА БЕСПЛАТНА, ИЛИ БАРЕМ ДОСТАПНА ЗА СИТЕ!

Објавено на 22.09.2018 во 20:29:07 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Она куртонско ѓубре Латас ме тужеше на 30 000е за некаква клевета за тоа што тврдев дека е владин куртон.

И сега, по донесената прва одлука на судот, за да го искористам правото на жалба морам да платам судска такса од 600 евра?!?!

Плус адвокати?! Значи ако си сиромашен, нема да можеш да стигнеш до правда?

Значи правда ќе има само за богатите, а сиромашните ќе скапуваат по затвори, ќе губат имот поради разни тужби на богаташи, ќе бидат вечно оштетени?

Премиере, како политичар кој дојде на власт со девизата НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР, те замолувам да се обидеш да ја направиш правдата бесплатна за широките наордни маси, или барем достапна.

Или ослободи го народот од судски такси и стави ги адвокатите на платен список на буџетот, или драстично намали ги судските такси а адвокатските трошоци нека се плаќаат со 10% од народот а 90% од буџетот...

Знам дека парите од буџетот пак ќе се земат од наш џеб, но направете трансформација на трошењата, скратете некаде каде може да се скрати, на пример нови и големи коли за буџетарите, а за сметка на тоа нека се овозможи правда за сите во земјава.

Или пак нека се зголеми наплатата на даноци на оние кои не ги плаќаат, односно намалете ја даночната евазија, и во таа насока, идејата за поврат на ДДВ е одлична идеја.

Направете го ова премиере, народот ќе ви биде благодарен, тоа е исправен потег, социјал-демократски, левичарски.

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија