Што ќе се случи со македонскиот јазик по влезот во Европската Унија?
Објавено на 22.09.2018 во 22:41:52 часот | Македонија

Што ќе се случи со македонскиот јазик по влезот во Европската Унија?
Со приклучувањето на Македонија во ЕУ и македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на Европската Унија и сите официјални документи ќе се преведуваат и на македонски, заедно со преводот на другите официјални јазици на ЕУ. Попрецизно, сите правни акти на Европската Унија, кои се објавуваат во Службениот весник на ЕУ, ќе бидат објавени и на македонски јазик.
Македонските граѓани ќе можат да се обратат до институциите на ЕУ на македонски јазик, а институциите ќе бидат должни да им одговорат, исто така, на македонски.
Во Европскиот парламент македонските претставници ќе се обраќаат на македонски јазик.
http://zacekorinapred.mk/prashana-i-odgovori-za-eu/
#ЗачекориНапред #изборотЕтвој
* реклами:



















.GIF)











