КЛЕКНУВАЊЕТО ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ, ВМРОВЦИТЕ СЕ СЕУШТЕ ТЕШКИ ЗЛОБНИ ЃУБРИЊА, МИЦКОВСКИ НЕМА НИШТО СМЕНЕТО ОД ЕРАТА НА ГРУЕВИЗМОТ, СЕУШТЕ ПАРТИСКИТЕ ИНТЕРЕСИ СЕ ПРЕД ДРЖАВНИТЕ, НАРОДОТ СЕУШТЕ ЗА ВМРОВЦИТЕ Е САМО СТОКА КОЈА ТРЕБА ДА СЕ ЈАВА, СТРИЖЕ И КОЛЕ!

Објавено на 23.09.2018 во 11:44:22 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Да не ве лаже ова клекнувањето на Мицко во Штип.

Во ВМРО ДПМНЕ сеуште владее филозофијата на Груевизмот, а коренот на таа филозофија е КОЈ ГО ВРТИ НАРОДОТ!!!

За ВМРО ДПМНЕ, народот е сеуште стока која треба да се лаже, стриже, јава па преносно и коља, односно да се фрла во зандани, да се уништува и умира како последица на глад и од етнички тензии и конфликти!

Зошто го велам ова? Погледнете што прави ВМРО ДПМНЕ овие последни денови пред референдумот. Иако првично кажаа дека секој треба да гласа како што сака, овие денови убедливо фрлаат сомнежи кон референдумот и со тоа преќутно работат за БОЈКОТ, те референдумот ќе бил фалсификуван, те амнадманите ги немало, те ова те она, значи пораката е јасна - НАРОДЕ СЕДИ ДОМА!

Со ова е јасно дека тие мислат само на својот политички бенефит, по некакво божјо чудо договорот со Грција да пропадне!

Тоа што земјата ќе ја изгуби шансата за влез во ЕУ и НАТО, што подобар одговор од овој практично е невозможен, што Албанците јавно велат дека ќе го воскреснат УЧК и ќе ја однесат западна Македонија во ЕУ и НАТО со тоа што ќе ја отцепат и прилепат на Албанија, тоа што нема да има ич инвестиции, што економијата ќе рокне или ќе стагнира, тоа што платите нема да растат, тоа што нема да има нови работни места, сето тоа им е ТОТАЛНО НЕБИТНО!!!

Само мислат како да му стават сопка на Заев и нешто да уќарат, нешто да упецаат, па дури се толку блесави и смотани, што дури и тоа не им успева па само повеќе и повеќе се оддалечуваат од Албанците и од западот, со што си копаат политички гроб.

Значи ем се зли и себични, ем се глупи и некадарни дури и за себе да си одработат, значи толкави се ропаци и ќутуци и морони и абдали, бог да чува и да брани!!!

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија