Нaучниците потврдија – Пивото е здраво како и млекото, ако се конзумира во разумни количини

Објавено на 23.09.2018 во 21:35:39 часот | Здравје

Пивото допринесува за долговечноста и ги зајакнува коските, а млекото предизвикува здебелување, дијабетис и рак – ова го тврди “ПЕТА” организацијата за заштита на животните. Членка на оваа организација изјавила дека пивото е поздраво од млекото и ги покани сите млади да станат дел од оваа компнања.
 
Добро, ПЕТА има причина за вакви прејаки изјави, но сепак во најмала рака, пивото и млекото се здрави напивки кои можат да ви го подобрат здравјето, се разбира, ако се конзумираат во разумни количини.
 
Млечните прозводи освен позитивни влијанија врз здравјето пред се преку калциумот и протеините, можат ако се конзумираат во големи колични да влијаат на здравјето и да предизвикаат озбилни здравствени проблеми како што се дебелеење, дијабетис, срцеви заболувања и слично, доколку не се практикува физичка активност.
 
Исто е и со пивото кое е докажано дека ако се конзумира во разумни количини и ако притоа се практикува физичка активност како спортување, планинарење или користење на точак како превозно средство, може да го намали ризикот од срцев удар и да ве заштити од дијабетис тип 2.
 
Пивото исто така има и високо ниво на енергетска содржина, во споредба со доста други продукти, но секако дека мора да се постават некои граници: од едно ќе ви биде супер, но од 4-5 – не баш, од повеќе аспекти.
 
Ако се грижите за дехидратацијата, имајте предвид дека пивото е 93% вода, а според едно шпанско истражување, кога се потите или кога сте на сонце, може да ви овозможи подобра хидратација и од водата.
 
Пивото е одлично за нашето тело, особено во услови на поголемо напрегање, а тоа го докажа истражувањето во кое учествуваа околу 300 маратонци поделени во две групи.
 
Оние од групата која не пиела пиво дури три пати почесто добивале респираторни инфекции и имале за 30% повеќе воспаление на мускулите од учесниците кои пиеле безалкохолно пиво секој ден, три недели пред и две по Минхенскиот маратон.
 
Со сето ова на ум, за какво пивце се одлучивте? Веројатно светло, иако темното е подобар избор кога е во прашање здравјето. Темните пива содржат антиоксиданси кои помагаат да се поправи штетата на клеточно ниво која природно се случува во телото, а исто така содржи и поголем процент на железо и минерали кои му се потребни на телото.
 
Наш личен избор е Скопско. Старото добро, газирано, вкусно, силно, Скопско, кое е омилено не само на нас Македонците, туку и на туристите кои се изненадени од неговиот квалитет.
 
Апел од Мактел: Немојте да возите ако сте испиле повеќе од едно пиво. Почекајте неколку часови да организмот го преработи алкохолот во вашето тело, или пак одете си дома со такси или пешки. Не го ризикувајте вашиот и животот на некој друг со тоа што ќе возите пијани.

 

 

* реклами:

 

 

Здравје

Македонија