СДСМ: Ајде Мицкоски, ако немаш план за бојкот поддржи го планот за влез на Македонија во НАТО и ЕУ

Објавено на 24.09.2018 во 00:43:49 часот | Македонија

Ако Мицкоски нема план за бојкот, има ли план ЗА европската иднина на Македонија?

Македонија сега слободно дише и има еден план, стратешки план за влез во НАТО и ЕУ, за сигурна и стабилна иднина.

ВМРО-ДПМНЕ веруваме го има истиот план.

Ајде Мицкоски поддржи го планот за влез на Македонија во НАТО и ЕУ со заштитен и признаен македонски идентитет.

Поддржи и приклучи се кон огромното мнозинство граѓани, партиски и непартиски граѓани, кои сакаат Македонија да успее, да ја биде.

На 30 септември нема да има избори, тој ден не е за битка меѓу партии, не е  за битка со Мицкоски.

30 септември е ден за голема одлука на сите граѓани. Одлуката за македонската иднина.

Да сака СДСМ уште утре ќе го порази Мицкоски на избори. Но, сега прашањето е за иднината, таа одлука е многу поголема од сите политички партии заедно.

Мицкоски може да докаже дали е искрен, јавно да ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на 30 септември и да гласаат по сопствено убедување.

Ајде Мицкоски!

 

Скопје, 23.09.2018                                        ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

                                                          СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет