JETHRO TULL ВО СКОПЈЕ НА 16- ти ОКТОМВРИ ВО СРЦ КАЛЕ! КОНЦЕРТИТЕ ВО БЕЛГРАД, ЗАГРЕБ И СОФИЈА ПРЕД РАСПРОДАВАЊЕ!!

Објавено на 01.10.2018 во 19:47:17 часот | Забава

JETHRO TULL ВО СКОПЈЕ НА 16- ти ОКТОМВРИ ВО СРЦ КАЛЕ!

КОНЦЕРТИТЕ ВО БЕЛГРАД, ЗАГРЕБ И СОФИЈА ПРЕД РАСПРОДАВАЊЕ!!

Драги пријатели,
Како што веќе и претходно ви најавивме, Авалон Продукција ја работи цела балканска турнеја на легендарните JETHRO TULL во рамки на нивната турнеја "50 years of Jethro Tull".

Поради ова, сакаме да ве информираме дека концертите во Белград, Загреб и во Софија се пред распродавање, а за концертот во Скопје интересот расте секој ден!

Билетите се во продажба онлајн на avalon.mk, продажната мрежа на Купи Карти За Се и во Југотон, по цени од:

ПАРТЕР- 1000 денари
ФАН ПИТ - 1.500 денари
ТРИБИНА- 2.000 денари

Исто така, ве информираме дека за овој концерт соработуваме со Драган Б. Костиќ, човекот кој сите го познаваат како "подвижна музичка енциклопедија", кој и тоа како ќе ви ја доближи музиката на овој култен британски бенд што е лектира за сите рок генерации.

Се гледаме на 16ти октомври во СРЦ Кале!

Авалон Продукција

 

 

* реклами:

 

 

Забава

Македонија