Партијата на Меркел порача: Опозицијата не смее да ја блокира перспективата на Македонија за НАТО и ЕУ

Објавено на 03.10.2018 во 22:48:43 часот | Македонија

Парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ во германскиот Бундестаг порачува дека опозицијата во земјава не смее да ја блокира перспективата на Македонија за НАТО и ЕУ. Тие предупредуваат дека неуспехот на договорот за името ќе ја изолира земјата долго време.

,,Над 91 процент од гласовите ‘за’, гласачите во Македонија дадоа огромна поддршка за европскиот пат и за поголема перспектива на нивната земја во ЕУ и НАТО”, вели заменик-претседателот на парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ во германскиот Бундестаг, Јохан Давид Ваделул.

Пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ жали што само околу 37 отсто од гласачите учествувале на референдумот за промена на името и дека не е постигнат потребниот цензус.

Тие ја повикуваат македонската опозиција да се согласи со ,,историски важното гласање во парламентот за уставните амандмани бидејќи во спротивно, би било политички одговорно да се блокира овој пат за Македонија на долг рок и со тоа да се изолира земјата од Европа”.

 

 

* реклами:

 

 

 

Македонија

Свет