(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Еве што се гради во Тирана

Објавено на 04.10.2018 во 10:39:07 часот | Свет

До влез на Тирана (преку Косово) ти треба околу 3 сата. За да влезеш во Тирана уште саат време. На влезот има огромна колона од коли и по пат видовме две три верижни сообраќајки со по 4-5 удрени коли. Додека да стигнеш до центар на Тирана тоа изгледа како во шејкер да си ги ставил Солун и Чаир 🙂. Сообраќајот е три пари полош од Скопје. Центарот е друга приказна. Мене ми изгледаше навечер како Рим од Али Експрес. Што во случајов разберете го како комплимент. Фантастични рибни ресторани за кој Грција делува како континентална земја. 🙂 Кафиќи во кои па Рим изгледа како од Али Експрес. Се на се изгледа прилично релаксирано. Освен сообраќајот. Сабајле излегов од хотел на цигара заборавив упаљач и покрај едно комбе побарав да запалам цигара од некој дечко. Нешто работеше со некоја ТВ екипа или сл. Нормално перфектно збореше англиски. Албанците се познати по тоа што добро зборуваат многу јазици.

“Добро е. Одиме напред. Далеку подобро и тоа не ти зборам за преживување. Ти зборувам за луксуз. Сакаме подобра кола. Подобар стан. Децата да ни учат во подобри школи. Подобро здравство. Се движиме напред. Сакаме Брисел да ни е главен град.”

Да има сиромаштија, се гледа. И многу богататво од др. страна. Сигурно ќе речете- Прашај некој друг дали истово ќе ти го каже. Сигурно има илјадници, кој овој став на дечково не го делат. Но, запрашајте се дали има макар еден во Македонија што ова погоре ќе го каже. Само еден. 
И да битно се гради. 
Само што?

Срѓан Јаничиевиќ, фб пост

 

 

* реклами:

 

 

Свет

Македонија