БРАВО: Бесплатна ужинка за првачињата во Ѓорче Петров!

Објавено на 06.10.2018 во 13:21:56 часот | Македонија

Бесплатна ужинка ќе им биде обезбедена на сите првачиња од Општина Ѓорче Петров, објави градоначалникот Александар Наумовски.

„Почитувани граѓани, задоволство ми е да најавам дека за учениците од прво одделение во сите основни училишта, Општина Ѓорче Петров обезбеди бесплатна ужинка. Тоа се однесува на децата во класична настава, додека за децата во продолжен престој, обезбеден е бесплатен појадок. Со ова, реализираме уште еден многу важен сегмент кој се однесува на најмладите и образованието. Истиот е дел од мојата програма за изборите, а со тенденција секоја нова учебна година да се опфати нова генерација“, напиша градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, на својот фејсбук профил.

 

 

* реклами:

 

 

 

Македонија

Свет