Изјавите и однесувањето на Апасиев ме потсетуваат на италијанскиот лудак капетан Скетино кој го потона бродот Коста Конкордија полн со 3000 народ, при што 30 души се удавија!

Објавено на 10.10.2018 во 10:22:49 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Го слушам вчера професорот Апасиев на Макфакс, едно младо новинарче од 20 години го интервјуира и му клима со тоа слаткото главче и го гледа со тоа очињата големи како од Дизни цртан филм, а овој лупа тешки глупости, да повратиш.

Замислете, мртов ладен вика, дека Македонија ништо нема да и фали ако никогаш не влезе во ЕУ и НАТО?!?!

Еееј, тоа да го изјавиш треба да си или тотален морон или тотален лудак, или и двете. 

Да игнорираш дека над 500 000 се иселиле во изминативе 10 години, дека НАТО привлекува инвестиции и сигурност а дека ЕУ ја крева економијата но и целиот стандард на живот, треба да си или тотално неписмен или тотален психопат.

Ако се знае дека Апасиев е писмен и дури и професор на факултет, тогаш повеќе веројатно е дека тој е тотален психопат кој нема ни ту тронка одговорност за своите изјави и за тоа што ќе биде со народот и со земјата ако остане единствена на балканот која не е во НАТО и ЕУ а во соседството се мењаат граници, се тропа со оружје, познати се аспирациите на соседите кон нас итн итн...

Познато е и дека самите имавме два три внатрешни конфликти, како на пример немирите во Гостивар во 1997-ма кои беа една мини војна која траеше 3 дена, потоа немирите 2001-ва која исто беше тотална војна која траеше неколку месеци, и секако настаните во Диво Насеље, исто мини војна од два дена. И ова да го игнорираш, треба да си тотален лудак.

Мене овој Апасиев ме асоцира на капетанот на бродот Коста Конкордија, Франческо Скетино. Тој во 2012-та успеа да заринка и потоне најсовремен брод со 3000 патници само затоа што сакал да се доближи до селото каде бил роден во Италија, па откако го акнал бродот од карпа, и отворил дупка од 50 метра преку која почнало да влегуваат тони вода во секунда во бродот, наместо да повика на итна евакуација, цел саат ги лажел патниците дека на бродот не му е ништо па дури си нарачал и вечера.

И ова не е се од лудакот капетан. Потоа откако бродот почнал да тоне, наместо да командува со спасувачката операција се додека сите не бидат спасени, тој прв го напуштил бродот и отишол во хотел каде мирно си заспал!!!

Во еден момент капетанот на спасувачката единица Де Фалко му се дереше на телефон и го нарекуваше бедна кукавица и обичен куртон, но тој мртов ладен му врати дека нема што да се направи со бродот и тој мора да се спаси, ем многу било ладно и темно на бродот?!?!

Како резултат на сето тоа, околу 30 луѓе починаа, од кои многумина дури и не ги најдоа цела една година, мораше бродот да се извади на суво за да се најдат труповите.

Замислете од што треба да сте направен, каков психопат треба да сте, да ризикувате живот на 3000 народ, потоа да не се потрудите да ги спасите кога сте им го загрозиле животот, и на крај прв да си избегате, а нив кој ги врти, нека цркнат?!

За тоа да го направите треба да ви фали дел од мозокот, центарот за емпатија и одговорност и совест. Или пак да сте доживеале толкава траума што траумата ги победува импулсите од овој центар.

Така и со Апасиев, што му се случило на овој човек па да лупа вакви глупости, вака да го фрла народот и државата во таков амбис во кој може сите да се удават, и верувам дека и да се случи таков случај, да пукне војна во земјава, он прв ќе избега на некој институт по Русија и ќе се кикоти и нема да има грам одговорност за своите изјави и својата активност кој помогнала 2 милиона народ да потонат во немири, беда, хаос и сиромаштија.

Лошо е што ваквите психопати се ставаат на телевизија со деца новинари кои ги оставаат непредизвикани да шират манипулации и будалаштини.

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија