Бреееј краделе бре мамицата нивна безмислосно, огромни суми, по десетици милиони евра, тоа е брдо пари да обезбедиш фамилија до седмо колено

Објавено на 10.10.2018 во 22:47:32 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Да бидам искрен ми се сврте станот кога ја слушнав цифрата од 45 милиона евра колку што украле Ставревски, Јанакиевски и некој копук Миладинов за гасоводот кој го градат Русите. 45 милиона евра за една држава е малку, но за 2-3-ца е страшно брдо пари човече, тоа особено во Македонија каде животот е евтин тоа е пара која може да обезбеди фамилија до седмо колено.

Па за таа сума и вреди бре да се лежи 4-5 години, знам кога ќе искочам има секој ден да ждерам ракови големи како мачки...

Цццц, ете ги големите суми за кои се шушкаше со години, и принципот на пљачка бил прилично многу едноставен. Правиш анализа колку може да кошта некој капитален проект, и после договараш дупло од тоа и пола парите ги делиш со фирмата која ќе се нафати на таа АЛАШ ВЕРИШ мајмунарија.

На пример, треба да правиш пут од точка А до точка Б, проценуваш дека реално цената е 1 милион евра, го договараш за два, и тој 1 милион вишок го делиш пола пола, значи по 500 000е за газдата на фирмата и за министрите кои се вклучени во зделката.

Е сега замислете што било правено со сите тие споменици и објекти и фасади и фонтани, мајкооо...

Пошто кај нас Сашо и Грујо сите ги слушале, или од опљачканото барале процент или па сакале да знаат кој колку краде за да знаат како да го поделат колачот, ферски, се знае, највише за шефот...

Мислам дека СЈО засега имаат упецано само 10% од криминалот, затоа што системите на ДБК не можеле да го уловат секој разговор па и секој криминал.

Штета! Но изгледа по овие бројки, точно е дека е украдено барем 1 милијарда евра, што значи МНОГУ СЕ КРАДЕЛО БРАТЕ, за мала земја како нашата, тие суми се страхотни!!! БОЛИ ГЛАВА!

Сто илјади евра некако да џапосаш па чуда може да се купат, а не пак милиони, или десетици милиони, тоа е неверојатно лудило, момент кој може да скрене психички секого.

Затоа ни требаат силни медиуми силни анти-корупциски механизми, силен парламент, силна демократија, силна полиција, закони, судови и обвинителство.

Многу од овие украдени пари завршиле во устата на судии, обвинители и новинари, за да молчат додека фамилијата краде.

А за тоа време на народот му се продаваа приказни за античката гоцева раса. Цццц, гадови, кошмар, хорор, НИКАДА СЕ НЕ ПОВТОРИЛО!!!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија